После три години поминати во Манчестер Сити германскиот репрезентативец би требало да се придружи на Баерн.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Франс Фудбал“ објави дека Сане за 110 милиони евра ќе стане нов играч на Баерн Минхен и тоа значи дека ќе биде рекорден трансфер во историјата на Бундес лигата.
Сапуницата така конечно ќе заврши. Со месеци се пишуваше за Сане и трансферот во редовите на германскиот шампион, но сега судејќи според се доаѓа крајот на оваа сапуница.
24 годишниот фудбалер беше голема желба на Баерн откако заминаа Робен и Рибери, а Сити очигледно на крајот одлучил да го пушти.
Така „граѓаните“ ќе заработат 110 милиони евра, а Сане ќе биде најплатен играч во Бундес лигата со бруто годишна плата од 18 милиони евра. Во овој момент најплатен играч во Бундес лигата е Левандовски со плата 16 милиони евра по сезона.