Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Икарди го тужи Интер, поради Киелини Јуве гледа кон Барса, Арсенал продава

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Икарди го тужи Интер, поради Киелини Јуве гледа кон Барса, Арсенал продава

0

До крајот на преодниот рок остануваат само уште два дена – бидете во тек со се што се случува!

Денес од Арсенал има две потврдени заминувања. Начо Монреал се пресели во Реал Сосиедад, додека Елнени во турски Бешикташ.

Икарди ќе го тужи Интер има и 41 доказ!?

Официјално: Диего Лаксалт го напушти Милан и потпиша за Торино.

Јувентус поради повредата на Киелини би можел во финишот од преодниот рок да се обиде да го доведе Умтити од Барселона.

Леонардо отворено за Нејмар: Не сме во добри односи и сака да се врати во Барселона!

Изгледа малку нереално, меѓутоа дел од француските и шпанските медиуми пишуваат дека Лука Јовиќ би можел да оди на позајмица во ПСЖ.

Фернандо Љоренте пристигна на лекарски прегледи во Неапол. Шпанецот ќе потпише договор на две години си плата од 2.5 милиони евра по сезона.

Официјално: Џовани Симеоне ја напушти Фиорентина и се пресели во Каљари за сумао д 16 милиони евра. Во неговиот договор ќе има откупна клазула од 30 милиони евра. Ќе потсетиме Каљари се засили и голманот Олсен. Овој клуб летово создаде сосема солиден тим кој би можел да се вмеша за место кое води во Европа.

Бакајоко веќе пристигна во Монако. Монако ќе плати 2.5 милиони евра на Челзи за позајмица и ќе има право за откуп на неговиот договор за 30 милиони евра.

Рома преговара со Шахтјор за Бразилецот Тајсон, но Украинците не попуштаат и бараат 30 милиони евра.

Интер е блиску до ново засилување! Според информациите клубот од „Џузепе Меаца“ ги договорил личните услови со Ребиќ од Ајнтрахт. Се чека само Политано да се пресели во Фиорентина. Очекувањата се Интер да добие 35 милиони евра кој ќе ги вложи во Хрватот.

Марио Манџукиќ добил понуда од катарската Ал Гарафа. Условите од договорот не се познати, но Манџукиќ ја одбил таа понуда.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Во автобусот на одбојкарите ечеше „Бисер Балкански“ (ВИДЕО)

За македонскиот спорт вчера беше историски ден затоа што одбојкарите ја запишаа првата поб…