Дома Трансфер зона Јувентус поради повредата на Киелини тргнува по засилување од Барселона

Јувентус поради повредата на Киелини тргнува по засилување од Барселона

Искусниот дефанзивец на Јувентус, Џорџо Киелини вчера доживеа тешка повреда на тренигот поради што ќе биде надвор од терените 6 до 7 месеци.

Јувентус вчера ги потврди лошите вести дека Киелини се повредил на тренингот. Капитенот на „старата дама“ ги скинал лигаментите на коленото и ќе мора да оди на операција.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според првите информации Киелини го чека долг процес на опоравување и надвор од терените ќе биде најмалку шест месеци. Поради тоа Јувентус е приморан во самиот финиш од преодниот рок да се обиде да доведе уште еден стопер.

Во овој момент се очекува стоперскиот тандем да биде Бонучи Де Лихт, а според информациите кои се појавија во јавноста Јувентус ќе се обиде да доведе засилување од Барселона.

Каталонскиот „Спорт“ тврди дека Јувентус сигурно ќе се обиде да го доведе Умтити до крајот на преодниот рок. Французинот го изгуби местото во првиот тим на Барселона поради што не доби повик и во репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…