Дома Фудбал Англија Трагичната приказна на еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата!

Трагичната приказна на еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата!

Денес е еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, а на свои 11 години останал сирак и избеглица од својата држава.

Станува збор за Виктор Мосес чии родители, христиански свештеник Аустин и мајка Жосефина убиени во нивната куќа во 2002 година после нападот на терористичка група во Нигерија. Во време кога се случил нападот во неговиот дом, Мосес играл фудбал со другарчињата на улица.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Сегашниот играч на Челзи после нападот со недели се криел кај неговиот вујко, а после тоа тогаш 11-годишниот Мосес отпатувал во Англија и побарал азил. Стигнал во јужен Лондон каде не познавал буквално никого.

Ги примило некое англиско семејство кое веднаш го запишало во локалниот клуб, Космос 90. Мосес во својот прв натпревар за таа екипа постигнал дури 8 голови.

На крајот среќата ја најде во фудбалот, ја надмина семејната трагедија и стана еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата и младински репрезентативец на Англија.

Денес игра за Челзи и се бори за шампионската титула, но на крајот сепак одлучи да игра за сениорската репрезентација на Нигерија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Џирона со Миовски го најави настапот во ЛШ📷

Eкипата на Џирона во среда игра против Пари Сен Жермен во нивната дебитантска сезона во Ли…