Дома Трансфер зона Тотенхем плаќа 40 милиони евра, Конте ја добива својата желба

Тотенхем плаќа 40 милиони евра, Конте ја добива својата желба

Како што стојат работите Антонио Конте наскоро ќе го добие посакуваното засилување.

Бројни извори пренесуваат дека Педро Поро наскоро би можел да стане член на Тотенхем, бидејќи Спортинг е подготвен да ја прифати понуда од 40 милиони евра.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Клубот од Лисабон упорно инсистираше на клаузула од 45 милиони евра, но прифати пет помалку од Спарс.

Личните услови не се проблем, Поро веќе ги договорил сите детали за договор до летото 2027 година и само чека Спортинг да ја прифати понудата.

Станува збор за одличен десен бек, многу офанзивен и се очекува добро да се вклопи во формацијата 3-4-3 која ја игра Конте.

Тотенхем моментално е петти на табелата со 36 бодови, три помалку од Њукасл и Манчестер Јунајтед кои имаат и натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…