Дома Трансфер зона Тотенхем во Икарди гледа идеална замена за Кејн

Тотенхем во Икарди гледа идеална замена за Кејн

Голема е можноста Тотенхем во летниот преоден рок да остане без својата наголема ѕвезда, Хари Кејн.

Напаѓачот го извести раководството дека сака да ја промени средината и да игра во клуб каде ќе може да се бори за престижни трофеи, а Манчестер Сити веќе спреми богата понуда.

Англиските медиуми пренесуваат дека Тотенхем ја започнал потрагата по негова замена, а прва желба е напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди.

Икарди го загуби местото во стартниот тим и е спремен да ја промени средината, а спортскиот директор Паратичи стапил во контакт со неговиот агент.

ПСЖ за слободата на Икарди бара 50 милиони евра, сума која Тотенхем е спремен да ја плати доколку го продаде Хари Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса го сака талентот на Арсенал, Артета има план како да го задржи

Младиот играч за врска на Арсенал, Чарли Патино може да биде повикан за првиот тим, пренес…