Toни Надал и претходно знаел да го критикува Новак Ѓоковиќ, а тоа го направи и сега.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сега го критикуваше српскиот ас за однесувањето, односно барањето помош од доктор против Тејлор Фриц во третата рунда на турнирот во Мелбурн.




„Мене ме изненадува некој што остава впечаток дека ќе се откаже, а потоа продолжува како ништо да не било. Не е мое да зборува дали лажира повреди или не, но кај него тоа се случува почесто отколку кај останатите“, изјави Тони Надал.




Тврди дека Новак иако е број еден и има шанса да стане тенисерот со најмногу грен-слемови во историјата, публиката повеќе ги сака Рафа и Федерер.




„Се појави кога Рафа и Роџер веќе развија ривалство. Два различни тенисери, два различни стила, тоа нема врска со Новак. Ѓоковиќ стана жртва на своето его. Неговото однесување на теренот во некои мечеви не е во својства на позицијата на АТП која ја има“, истакна чичкото на Рафа.