Фудбалскиот сојуз на Англија вчера го именуваше Томас Тухел за нов селектор на Англија и со неговото именување тие направија услуга на Баерн Минхен.
Назначувањето на селектор за Англија значи и дека Тухел го раскинува договорот со Баерн. Така во Минхен ќе заштедат сума од пет милиони евра што секако не е незналителна бројка.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тухел по отказот во Баерн во сезоната 2024/2025 остана на платниот список на клубот од „Алијанц Арената“ каде што имаше плата од десет милиони евра годишна.
Договорот на сила со Англија за Тухел започнува во јануари 2025 година и ќе има важност до крајот на Мундијалот во 2026 година.