Бразилецот Тијаго Силва игра во одлична форма и тоа го покажа и во натпреварот против Јувентус во Лигата на шампионите кога во една ситуација спаси и чист гол.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Силва се покажа како вистински лидер во одбраната и затоа „сините“ сакаат да го задржат во своите редови. Италијанскиот новинар Фабрицио Романо тврди дека наскоро двете страни ќе започнат преговори за нов договор со јавност до јуни 2023 година.




37-годишниот дефанзивец го сака клубот, фановите, атмосферата и има одличен однос со Тухел со кого и соработуваше во ПСЖ.