Дома Трансфер зона Тијаго Силва го напушта Челзи, веќе го избрал и новиот клуб

Тијаго Силва го напушта Челзи, веќе го избрал и новиот клуб

Бразилскиот дефанзивец, Тијаго Силва според последните информации ја игра последната сезона во дресот на Челзи.

Бразилецот зад себе има голема кариера во која прерасна во еден од најдобрите дефанзивци во светот. Италијанскиот новинар, Фабрицио Романо сега објави дека Силва донел одлука на лето како слободен играч да го напушти Лондон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно, веќе ја избрал и својата следна дестинација. Кариерата Силва би требало да ја продолжи во бразилскиот Флуминенсе кaде што играше од 2006 до 2009 година пред да пристигне во европскиот фудбал во Милан.

Низ кариерата денес 39-годишниот дефанзивец беше дел уште од Порто, Јувентус, Динамо Москва, РС Футебол и Пари Сен Жермен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…