Дома Фудбал Останато Тим составен од играчи од кои Барселона лесно се откажа 📸

Тим составен од играчи од кои Барселона лесно се откажа 📸

Барселона во претходните неколку години не се прослави кога во прашање се трансферите, односно продажбата на играчи.

Каталонците пред неколку дена го продадоа Артуро Видал за само милион евра, а пред него Иван Ракитиќ си замина за 1.5 милиони евра што е навистина мизерна бројка. Вчера беа потврдени и трансферите на Семедо и Суарез.

Хозе Марија Бартомеу и друштвото веќе со години не работат добро кога се засилувањата во прашање. Каталонците лесно продаваат играчи кои вредат многу повеќе од она што тие го добиваат за нив и тоа е нешто што ги лути навивачите.

Најмногу пари добија за Нејмар, меѓутоа јасно е дека со неговото заминување изгубија многу. Покрај него тука се имиња кои ги пуштија за мали суми, а тие потоа блескаа во други клубови.

Шпанските медиуми сега составиј тим на Барселона со играчи од кои тие лесно се откажаа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Зидан: Победата е заслужена, одигравме перфектно

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан беше исклучително задоволен од играта на својот тим…