Дома Топ вести Тер Штеген ја спаси Барселона, Каталонците извлекоа бод на „Сан Мамеш“

Тер Штеген ја спаси Барселона, Каталонците извлекоа бод на „Сан Мамеш“

0

Атлетик Билбао и Барселона вечерва на „Сан Мамеш“ ремизираа 0:0 во 23-тото коло од шпанската Примера.

Барселона стигна на „Сан Мамеш“ со намера да оствари победа, но и покрај теренската иницијатива беше јасно дека нема да им оди лесно.

Први се заканија домаќините преку Берчиче кој за малку беше непрецизен, а потоа Тер Штеген на одличен начин го запре ударот на Сусаета од дистанца.

„Лавовите“ имаа неколку одбрани и Барса можеше до водство кога Меси помина неколку играчи шутираше од работ на казнетиот простор, но Ерерин беше на висина на задачата.

Во добар дел од второто полувреме видовме нешто помирна игра, иако Барселона имаше контрола над поседот на топка.

После уште еден обид на Меси од слободен удар, во финишот Атлетик беше тимот кој повеќе напаѓаше.

Расположениот Ињаки беше опасен по Тер Штеген, но Германецот успеа да ја зачува својата мрежа, па на крајот не видовме погодоци.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Легендата на Наполи: Икарди, оди по ѓаволите!

Легендарниот Карека, Бразилецот кој во 80-тите доминираше со Диего Марадона во Наполи остр…