Дома Фудбал Тен Хаг: Санчо нема да игра против Барнли. Самиот е виновен за тоа

Тен Хаг: Санчо нема да игра против Барнли. Самиот е виновен за тоа

Манчестер Јунајтед денеска ќе игра против Барнли во натпреварот од англиската Премиер лига, а во составот ќе го нема Џејдон Санчо, англискиот фудбалер кој се судри со тренерот и беше отстранет од тимот.

Ерик тен Хаг изјави дека Санчо за ова е самиот виновен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тренерот на англискиот гигант неодамна јавно го критикуваше 23-годишниот крилен напаѓач и истакна дека поради недоволно залагање на тренинзите не конкурира за првиот тим. Потоа, Санчо се огласи на социјалните мрежи за да ја каже својата страна од приказната.

Санчо тврди дека неговата работа на тренинзите од првиот ден била соодветна и задоволителна и дека Тен Хаг го прави жртвено јагне. Неодамна Тен Хаг даде краток одговор на новинарско прашање дали Санчо некогаш повторно ќе заигра за Јунајтед. “Не знам.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Де Лаурентис сака да го награди Конте со нов договор

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис планира да му понуди нов договор на тренерот …