Дома Македонски спорт Мак ракомет Талески: Срамен пораз, но мора да се фокусираме на Данска

Талески: Срамен пораз, но мора да се фокусираме на Данска

Македонскиот репрезентативец, Филип Талески вчерашниот пораз од Црна Гора го окарактеризира како срамен.

Сепак, Талески вели дека поразот мора да се остави назад и погледите да се насочат кон мечот со Данска. 

„Останувам на констатацијата по вчерашниот натпревар, а тоа е дека одигравме срамно против Црна Гора. Но, нема враќање назад. Мора да се консолидираме зашто не чека уште еден меч и можност да одиграме најдобро што можеме против ривал како Данска, кој игра моќен ракомет и кој атакува на злато на ЕП. Данците, секако, се огромен фаворит и против нас, но сакаме да се надигруваме, па ако одиграме како во Скопје да дојдеме ако можеме до позитивен резултат, во еден добар и борбен натпревар“, вели Талески.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шишковски: Македонската јавност верува во нас затоа што ние докажавме дека можеме!

Македонија на стартот на јуни на ја очекуваат четири натпревари против Бугарија (2. јуни),…