Луис Суарез следниот месец ќе биде слободен играч бидејќи му завршува договорот со Атлетико Мадрид.




Без оглед што има 35 години Суарез и понатаму важи за еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, па има многу понуди на маса.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Според последните информации Суарез е во напредни преговори со Астон Вила и најверојатно ќе се врати во Премиер лигата.




Клубот предводен од Џерард има амбициозен проект и му понудил договор до 2024 година на Уругваецот.




Џерард е голем пријател со Суарез и го убедил да му се придружи во Астон Вила, па се очекува официјализација следните денови.