Maкедонската фудбалска репрезентација која во најголем дел е составена со фудбалери од првата лига на Македонија в сабота ќе игра против Саудиска Арабија во Абу Даби.
Од утрово повиканите репрезентативци на кои ќе смета Милевски за овој дуел се веќе во Абу Даби и подготовките се започнати. Дел од селекцијата е и Влатко Стојановски кој зад себе има и настапи за „вистинската“ репрезентација на Македонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ова е еден тест како за нив така и за нас. Тие се квалитетна репрезентација која ќе на стапи на Светското првенство во Катар, очекувам еден добар натпревар. Сите фудбалери кои се тука ќе го дадат максимумот за да покажат на селекторот дека може да смета на нив за следните натпревари“, изјави Стојановски пред овој натпревар.
СОСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА:
Голмани: Кристијан НАУМОВСКИ (Шкупи), Костадин ЗАХОВ (Шкендија), Игор АЛЕКСОВСКИ (Работнички);
Одбрана: Дарко ВЕЛКОВСКИ (Ал Етифаг, Саудиска Арабија), Егзон БЕЈТУЛАИ (Шкендија), Марио МЛАДЕНОВСКИ (Шкупи), Кристијан ТОШЕВСКИ (Тирана, Албанија), Бојан ИЛИЕВСКИ (Македонија Ѓ.П.), Зија МЕРЏАНИ (Струга Трим Љум), Владица БРДАРОВСКИ (Шкупи);
Среден ред: Иван НИКОЛОВ (Брегалница), Адем АЛИ (Шкупи), Ферхан ХАСАНИ (Шкендија), Бунјамин ШАБАНИ (Струга Трим Љум), Бојан ДИМОСКИ (Академија Пандев);
Напад: Бесарт ИБРАИМИ (Струга Трим Љум), Влатко СТОЈАНОВСКИ (Шкендија), Љупче ДОРИЕВ (Шкендија), Кристијан ТРАПАНОВСКИ (Шкупи), Методија МАКСИМОВ (Работнички).