Дома Фудбал Столе: Не сум потпишал со друг клуб, сакам да останам во Рајо

Столе: Не сум потпишал со друг клуб, сакам да останам во Рајо

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски негираше дека има потпишано преддоговор со Валенсија и истакна дека сака да остае во Рајо Валекано.

Неговиот договор со Рајо истекува на крајот на сезоната, па има многу шпекулации за неговата иднина.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Се уште не сум ја донел одлуката. Разговараме со клубот, но одлуката не е донесена. Очигледно секогаш велев дека би сакал да останам. Сакам да останам, но тоа зависи од сите страни. Јас сум мирен. Сакам тимот да биде што е можно поблиску до врвот на табелата и да можеме да уживаме во фудбал каков што заслужуваат навивачите“.

„Не сум потпишал за ниту еден клуб. Во последните три години имаше многу гласини и работи за мојата иднина. Среќен сум затоа што тоа значи дека добро ги правам работите. Мојата иднина не е решена. Мојот приоритет секогаш беше Рајо и сакав да останам во клубот. Кога има конкретна вест, со задоволство би потврдил дека останувам или ако треба да заминам, дека тоа ќе биде најдобро за сите страни. Би го потврдил тоа затоа што секогаш сакам работите да ги кажам в лице“, изјави Столе Димитриевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Што значеше гестот на Араухо по црвениот картон? 🎥

Бaрселоа загуби со 1:4 од Пари Сен Жермен пред своите гледачи во реваншот од четврт-финале…