Дома Фудбал Останато Стоичков: Куман не е виновен, Барса мора под итно да го продаде Гризман

Стоичков: Куман не е виновен, Барса мора под итно да го продаде Гризман

Роналд Куман не се прослави во првата сезона како тренер на Барселона, но се уште е во клубот.

Се уште не е познато дали Куман и дефинитивно ќе замине, засега има само најави од медиумите за такво нешто. На таа тема сега во медиумите се огласи легендарниот бугарски фудбалер Христо Стоичков.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Сите зборуваат само за Куман, но тој не е виновен. На терен излегуваат 11 играчи и тие играат, не Кумкан“, зборуваше Стоичков, а потоа испрати критики за Гризман.

„Во натпреварите против Ливерпул, Јувентус, ПСЖ, Реал Мадрид и Атлетико не покажа дека навистина вреди толку пари. Кога е тој на теренот Барса игра со 10 играчи. Мораат под итно да го продадат“, нагласи Стоичков.

Сезонава Гризман на 35 лигашки натпревари постигна 12 голови и во просек игра по 72 минути. Има и седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ван Дајк го носи Ливерпул кон титулата, Челси киксна против Ипсвич (Видео)

Ливерпул успешно ја заврши својата задача во рамките на домашниот шампионат, откако на „Ен…