Антоан Гризман никако не успева во Барселона да заигра со формата со која играше во Атлетико Мадрид.
Гризман е без гол на последните 10 натпревари, а сега доби критики од Христо Стоичков, легендарниот бугарски фудбалер и поранешен голгетер на Каталонците.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стоичков е познат како човек без влакна на јазикот, па така и сега зборуваше во свој стил.
„Кога е на теренот, Барселона е со играч помалку. Клубот мора да го продаде на лето ако сака успех на долгорочен план. Не знам ниту што прави Гризман таму. Тринкао и Брајтвајт мораат да бидат пред него“, порача Стоичков.