Дома Македонски спорт Стоилов: Барса можеби има предност, но ние сме Вардар!

Стоилов: Барса можеби има предност, но ние сме Вардар!

Вардар на денешната ждрепка во полуфиналето на фајнл-фор турнирот за противник го доби првиот фаворит за трофејот, шпанска Барселона.

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоиов после ждрепката го изнесе своето гледање и порача дека за Вардар било се исто против кого ќе играат.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Нас ни е исто. На фајнл-форот сите екипи имаат еднакви шанси да стигнат до трофејот. Барселона можеби е во мала предност, тие беа први во нашата група. Игравме два пати против нив оваа сезона и изгубивме, но ние сме Вардар и никогаш не се предавме, така ќе биде и овој пат“, изјави Стоилов.

Потоа Столе доби прашање дали тоа што играле два натпревари против нив е предност.

„Исто е и за нив и за нас. Игравме два пати, сега има само еден натпревар и во тој се може да се случи“, порача капитенот на црвено-црните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Првото коло од новата сезона во ракометната сезона носи дерби!

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија денеска беше извлечена ждрепката ко…