Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска го заврши настапот на фјучрс турнирот во Шарм Ел Шеик, Египет што се игра за награден фонд од 15.000 долари.
Таа денеска загуби од четвртата носителка Карола Патриција Беженару од Романија (26 год. 609 место ВТА) со 2-0 во сетови (62 62) за 1 час и 6 минути игра. За пласманот во второто коло Стоилковска ќе освои еден поен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во првиот сет поведе македонската тенисерка со 1:0, но потоа противничката имаше серија од пет гема за водство од 5:1, кое Стоилковска успеа да го ублажи и сетот заврши со скор 6:2 во гемови. Во вториот сет Стоилковска водеше со 1:0 и 2:1 во гемови, но Беженару имаше серија од четири гема за 6:2 во сетот. Во текот на мечот романската тенисерка имаше 4 брејка од 9 можности, а македонската тенисерка ниту една брејка шанса.
Магдалена Стоилковска ќе има настап на уште еден турнир во Египет (W25 Шарм Ел Шеик), а според пријавите на тенисерките најверојатно ќе треба да игра и во квалификациите.