Дома Фудбал Англија Стигна потврда: Милан доби засилување од Арсенал!

Стигна потврда: Милан доби засилување од Арсенал!

Тоа што се најавуваше изминатите денови денес доби официјална потврда. Првиот човек на Арсенал Иван Газидис се сели во Милан!

После многу години работа во Арсенал, каде финансиски го стабилизира клубот, Газидис се сели во редовите на Милан каде ќе ја извршува функцијата на генерален директор.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Станува збор за еден од најценетите фудбалски менаџери кој во Лондон заработуваше 2,6 милиони фунти годишно, а новите сопственици на Милан му понудија еден милион повеќе.

Арсенал неодамна го донесе бившиот директор на Барселона, Санијехи кој ќе ја преземе функцијата на Газидис во лондонскиот клуб.

Арсенал денес преку официјално соопштение ја потврди промената и потврди дека Газидис се сели во Милан, а веднаш потоа истото го направи и миланскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ако сега не се ишиша нема кога – Јунајтед го чека идеален распоред!

Манчестер јунајтед за викендот минимално го совлада Њукасл (1-0), триумф кој на хартија ва…