Дома Фудбал Англија Стигна засилување во Јунајтед, го откри локацијата на мобилниот телефон

Стигна засилување во Јунајтед, го откри локацијата на мобилниот телефон

Бразилецот Фред вчера го одигра пријателскиот натпревар со Бразил против Хрватска на Енфилд, а веќе денеска е во Манчестер.

Фред е првото засилување на Жозе Мурињо и според пишувањата на англиските медиуми денеска ќе ги помине медицинските прегледи и ќе потпише договор.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Се работи за играч од средниот ред, а Црвените ѓаволи трансферот ќе ги чини околу 52. милиони евра.

Фред сега е фокусиран на бразилската репрезентација и се спрема за заминување на СП. Дека бразилецот се наоѓа во Манчестер го откри постот на Твитер со вклучена локација.

Иако се обиде да ја сокрие секоја трага, го избриша постот и повторно го објави без вклучена локација. Според истите медиуми тој наводно е сликан и во црно комбе со кое пристигнал на тренинг центарот на Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивач го исклучи ВАР системот на натпреварот: “Ова е измама”

Вистинска драма се видовме во 25. коло од германската Цвајта во дуелот помеѓу Минстер и Хе…