Претседателот на Интер, Стивен Жанг е одлучен во намерата да не се разделува со клубот и покрај тврдењата за продажба, пренесува „Газета дело Спорт“.
Кинескиот бизнисмен верува дека ќе успее да ги надмине финансиските проблеми и да го задржи клубот во своја сопственост.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најголемиот долг во износ од 325 милиони евра кон американскиот инвестициски фонд „Октре“ треба да биде вратен до 20 мај 2024 година.
Планот на семејството Жанг е да го рефинансира долгот со прдажба на малцински пакет акции.
Станува збор за позајмица со каматна стапка од 12%, што го натера раководството значително ги намали трошоците изминатите години.
Доколку Жанг не успее да го врати долгот до месец мај, тогаш „Октри“ ќе може да го преземе управувањето со клубот.