Дома Фудбал Цел фудбалски свет зборува за прославата на голот на Мбапе против Дортмунд (Видео)

Цел фудбалски свет зборува за прославата на голот на Мбапе против Дортмунд (Видео)

Килијан Мбапе конечно се врати на теренот и синоќа постигна гол во победата на Реал Мадрид против Борусија Дортмунд (3:2) во натпреварот на четвртфиналето на Светското клупско првенство. Но, она што ги воодушеви многумина беше прославата на голот на напаѓачот на кралскиот клуб.

Реал и Дортмунд одиграа извонреден натпревар и се чинеше по 92 минути игра дека „Кралевите“ лесно ќе продолжат понатаму поради предноста од 2:0.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Меѓутоа, во судиското додатно време видовме вистински спектакл во кој беа постигнати дури три гола и еден директен црвен картон, и Реал успеа некако да дојде до триумф.

Дортмунд го намали резултатот на 93. минута, но веќе во следниот напад Реал постигна гол за 3:1 кога на фантастичен начин Мбапе го совлада одбраната на противникот.

Но, штом се продолжи од центарот, играчите на Дортмунд успеаја да изборат пенал и директен црвен картон, а голот од белата точка го постигна Гираси. Дури и Дортмунд во последните секунди имаше уште една голема шанса, но Куртоа го спаси Реал Мадрид.

По натпреварот, во центарот на вниманието беше Мбапе кој конечно се врати на теренот откако не играше на Светското клупско првенство поради здравствени проблеми.

Мбапе доби шанса во 67. минута, а во судиското додатно време мајсторски постигна гол за 3:1.

Сепак, она што го обележа тој гол беше прославата со која Мбапе го славеше истиот. Тој го посвети голот на трагично загинатите Диогу Жота и Андреу Силва кои загинаа пред неколку дена во Шпанија.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ќе потроши 100 милиони евра за двајца фудбалери на Барселона

Според објавата од „Fichajes“, Ливерпул е подготвен да ги потпише двајцата играчи на Барсе…