
Фудбалерите на Интер Мајами гостуваа кај Монтреал во рамките на МЛС и остварија победа од 4:1. Два гола на овој натпревар постигна Лео Меси, а јасно е дека вториот, за 4:1, беше особено добар.
Да почнеме по ред. Водството прво го презедоа домашните фудбалери и тоа веќе во 2. минута кога Овусу постигна гол.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Интер Мајами изедначи во 33. минута преку Алиенде, а асистенцијата ја запиша Лионел Меси.
Седум минути подоцна, Меси првпат на овој натпревар се запиша како стрелец и донесе пресврт и водство за својот тим.
Тимот на Интер Мајами во 60-та минута постигна и трет гол. Овој пат асистент беше Алиенде, а голот го постигна Сеговиа.
Конечниот резултат го постави Лео Меси со феноменален гол во 62-та минута од натпреварот.
Со овој гол, Меси потсети на сè што некогаш правеше во дресот на Барселона и поради што стана еден од најдобрите, ако не и најдобриот во светот.
Меси ја зеде топката на центарот на игралиштето, издрибла пет противнички играчи и постигна гол.