Хрватскиот интернационалец Дарио Срна наскоро би можел да стане член на Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.
„Мундо Депортиво“ пренесува дека Шахтјор е спремен да го пушти без обештетување својот капитен 6 месеци пред истекот на договорот како знак на благодарност за се што направи за клубот во последните 13 години.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Според истиот извор Барса му понудила договор на 18 месеци, односно до јуни 2018 година, а Срна се согласил и недостасуваат само потписи.
Луис Енрике е во потрага по квалитетен десен бек бидејќи во моментов на таа позиција го има само Серџо Роберто, кој по природа е играч за врска.