Дома Фудбал Италија Србинот од Фиорентина вчера играше без број на дресот, а причината е бизарна

Србинот од Фиорентина вчера играше без број на дресот, а причината е бизарна

После олго време официјален натпревар во Серија А вчера одигра и екипата на Фиорентина, противник на „виолетовите“ им беше Бреша и таа средба заврши 1:1.

Во овој натпревар српскиот фудбалер од редовите на Фиорентина, Душан Влаховиќ постигна гол на почетокот на вториот дел, но истиот му беше поништен. Меѓутоа тој се најде во медиумите поради нешто друго.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Влаховиќ неколку минути играше без број на дресот и тоа не беше по негова вина, туку поради економот на клубот од Фиренца.

Талентираниот напаѓач после еден дуел мораше да го промени дресот, но бидејќи на клупата немаше резервен дрес со бројот 28 мораше да облече дрес без број со кој го доигра натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Симеоне веќе ги крои плановите за лето – има две големи желби за посилен Атлетико!

Атлетико Мадрид ќе биде еден од клубовите кои би можеле да го одбележат претстојното лето.…