Дома Фудбал Неверојатни сцени во Бергамо: Џеко ги молеше навивачите на Фиорентина (Видео)

Неверојатни сцени во Бергамо: Џеко ги молеше навивачите на Фиорентина (Видео)

По поразот од Аталанта со резултат 0-2 во Бергамо, фудбалерите на Фиорентина завршија пред трибината каде што беа нивните навивачи!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Един Џеко беше тој што прв пристапи кон гостинската трибина за да ја разбистри ситуацијата по контроверзиите од мечот со АЕК во Конференциската лига, кога репрезентативецот на БиХ ги критикуваше навивачите поради, како што рече, „недостатокот на поддршка и свирежи по почетните грешки на тимот.“

Италијанските медиуми пишуваат дека разговорот поминал без поголеми тензии, а на повикот на навивачите се одазва и капитенот Лука Рањери, додека Џеко во еден момент земал мегафон и им се обратил на повеќе од илјада приврзаници на Виола кои патуваа во Бергамо.

Од трибината на стадионот „Њу Баланс“ набргу се слушна пораката: „Сакаме единаесет лавови!“

Тренерот на Фиорентина Паоло Ваноли им се заблагодари на навивачите за поддршката и покрај тешкиот период.

– Откако го презедов тимот, јасно им ја кажувам реалноста. Благодарен сум на навивачите затоа што ја разбраа. Знаат колку се важни и што се со нас и покрај пласманот на табелата – изјави Ваноли по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул потврди за Конате, тој се обрати со порака

Од Ливерпул ја потврдија веста дека Ибраима Конате го напушта клубот како слободен агент. …