Дома Фудбал Останато Спалети го објави списокот за ЕП: Италија без Верати и Имобиле

Спалети го објави списокот за ЕП: Италија без Верати и Имобиле

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Лучијано Спалети го објави поширокиот список на фудбалери со кои Италија ќе се обиде да ја одбрани титулата на претстојното ЕУРО 2024.

На списокот без големи изненадувања ги нема имињата на Верати и Имобиле, а Спалети од претходно знаеше дека не може да смета на Заниоло и Тонали.


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


На, списокот се најде фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли. Фаџоли кој се смета за еден од најталентираните италијански фудбалери, сезонава одигра само 360 минути бидејќи беше суспендиран поради илегално обложување.

Голмани: Џанлуиџи Донарума (Пари Сен Жермен), Алекс Мерет (Наполи), Иван Проведел (Лацио), Гуљелмо Викарио (Тотенхем)

Дефанзивци: Франческо Ачерби (Интер), Алесандро Бастони (Интер), Раул Беланова (Торино), Алесандро Бонџорно (Торино), Рикардо Калафиори (Болоња), Андреа Камбиасо (Јувентус), Матео Дармиан (Интер), Џовани ди Лоренцо (Наполи) , Федерико Димарко (Интер), Џанлука Манчини (Рома), Џорџо Скалвини (Аталанта)

Играчи од средниот ред: Николо Барела (Интер), Брајан Кристанте (Рома), Николо Фаџоли (Јувентус), Мајкл Фолоруншо (Верона), Давиде Фратези (Интер), Жоргињо (Арсенал), Лоренцо Пелегрини (Рома), Самуеле Ричи (Торино).

Напаѓачи: Федерико Киеза (Јувентус), Стефан Ел Шарави (Рома), Рикардо Орсолини (Болоња), Џакомо Распадори (Наполи), Матео Ретеги (Џенова), Џанлука Скамака (Аталанта), Матија Закањи (Лацио).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Англија ја има најскапата репрезентација на Европското првенство

Фудбалската репрезентација на Англија, според цените на фудбалерите, има најголема вреднос…