Дома Трансфер зона Состанок во Каталонија: Покрај Меси уште еден никако не смее да замине, двајца се „слобдни“

Состанок во Каталонија: Покрај Меси уште еден никако не смее да замине, двајца се „слобдни“

0
valverde

Eрнесто Валверде имал состанок минатиот четврток со раководството на Барселона.

Барселона успеа да ја освои титулата во Ла Лига, но претрпе два шокантни порази од Ливерпул во Лигата на шампионите и Валенсија во финалето од шпанскиот куп.

Валверде на состанокот со управата на каталонскиот тим зборуваше за својот тим и играчите на ки смета и наредната сезона, а оваа сезона би требало да следи нов состанок на кој тренерот на Барселона би требало да ја даде конечната листа на играчи кои не смета.

Наводно тренерот на каталонскиот тим посебно издвоил еден играч кој не сака да го напушти „Камп Ноу“, станува збор за Иван Ракитиќ.

Хрватот оваа сезона беше петти играч кој Валверде најмногу го користеше и одигра вкупно 54 натпревари во сите натпреварувања, односно 4237 минути што е повеќе од Лионел Меси и Луис Суарез.

Ракитиќ кој чека нов договор веќе изјави дека не сака да го напушти „Камп Ноу“ и на својот агент му соопштил дека нема да прифаќа никакви понуди.

Хрватот е сигурен дека ќе има место во својот тим и наредната сезона што не може да се каже за Кутињо и Умтити кои би можеле да ја напуштат Барселона доколку за нив пристигне прифатлива понуда.

Исто така на овој состанок Валверде побарал клубот да му додведе засилување во одбраната.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул бил спремен да го пушти, но Салах кажа НЕ на две мега понуди

Најголемата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах одбил две мега понуди за трансфер ова лето о…