Дома Фудбал Барселона и Сити без договор за трансфер на Родри

Барселона и Сити без договор за трансфер на Родри

Најдобриот играч на Светското првенство, Родри, најверојатно ќе ги засили редовите на Барселона, но иако вчера доаѓаа информации дека трансферот е при самата реализација, работите не изгледаат така.

Родри долго време беше поврзуван со Реал Мадрид, и во еден момент се чинеше дека ќе стане нов член на “кралскиот клуб”, но во игра за овој одличен играч влезе и Барселона.

И веднаш штом Каталонците се појавија како заинтересирана страна, дојде до промена, односно Родри реши да ја прифати нивната понуда.

Меѓутоа, најдобриот играч на Мундијалот има договор со Манчестер Сити, кои така имаат “адут во ракавот” и може да се каже дека носат главниот збор и дека реализацијата на трансферот зависи токму од Граѓаните.

Вистина е дека шпанските и британските медиуми пишуваат дека Сити нема да одолговлекува, но, исто така, нема да го продаде по пониска цена, за што всушност се уверила и Барселона.

Каталонците прво понудија 45 милиони евра што Манчестер Сити глатко го одби, но тоа не ги обесхрабри челниците на актуелниот шампион на Шпанија.

Имено, Барселона испрати нова понуда до Граѓаните во износ од 60 милиони евра, а дали ќе биде прифатена, ќе се дознае најверојатно во текот на денот.

Медиумите на Островот пишуваат дека Сити очекува околу 80 милиони евра како надоместок, но сметаат и дека опцијата од 70 милиони евра е оптимална за сите страни и дека клубовите на таа сума ќе постигнат договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ дури 14 години немало ваков слаб старт: Дали ова е крај на доминацијата?

Феноменално играше Пари Сен Жермен во финишот од минатата сезона и сосем заслужено стигна …