
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, повторно истакна дека смета на Хулијан Алварез, и дека никој во клубот не размислува за неговото заминување.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ова лето го одбележа сагата околу Хулијан Алварез, чија најголема желба е да премине во Барселона, но Атлетико Мадрид едноставно не сака ниту да слушне за тој трансфер.
Диего Симеоне го очекува неговиот доаѓање во понеделник, по заслужениот одмор по Светското првенство.
“Се надеваме дека Хулијан Алварез ќе ни пружи повторно она што ни даваше во изминатите две години – а тоа беше многу”, кажа Симеоне.
Тој ја спореди оваа ситуација со онаа од 2019 година кога Барселона го доведе Гризман од Атлетико Мадрид за 120.000.000 евра.
“Како да се справиме со вакви ситуации? Веќе поминавме низ слични нешта. Видовме што се случи со Гризман. Не гледам друг пат освен да се фокусираме на спортскиот аспект, што ни е и задача, и да се обидеме да му помогнеме, токму како што го правевме тоа во изминатите две години”, истакна Симеоне.
Тој го поддржа ставот на клубот за статусот на Алварез.
“Ситуацијата е сосема јасна. Клубот донесе одлука која Мигел Анхел Гил ја образложи многу добро. Од спортски аспект, многу сме задоволни што го имаме играчот како Хулијан и ќе му помогнеме да продолжи да напредува и да се усовршува”, заклучи Симеоне.