Дома Фудбал Шпанија на нозе, Барселона и Реал во страв: „Новиот Халанд“ одбра нов тим!

Шпанија на нозе, Барселона и Реал во страв: „Новиот Халанд“ одбра нов тим!

Севиља, односно спортскиот директор на овој клуб ја заврши одличната работа. Младиот 22-годишен Шкот беше на мета на многу клубови, но ја избра Севиља.

Младиот 22-годишен шкотски напаѓач Роби Ур ќе ја продолжи кариерата во Шпанија, односно во редовите на Севиља.

Роби Ур, кој со своите одлични игри во лидера на шведското првенство Сириус го привлече вниманието кон себе, ќе стане нов играч на Севиља.

Момчето кое го нарекуваат „новиот Халанд“ во тековната сезона постигна 15 гола во исто толку натпревари за Сириус, кој е на врвот на табелата, па некако се очекуваше дека ќе ја напушти Шведска.

Се поврзуваше со многу клубови, но на крајот во борбата за неговите услуги победи Севиља, која ќе му плати на Сириус обештетување од 9 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас погоди, но Аталанта остана без победа во меч со осум гола

Елиф Елмас ја доведе Аталанта во предност против Фрозиноне, но средбата заврши 4:4. Следни…