Дома Фудбал Англија Соопштена казната за Клоп поради втрчувањето на терен

Соопштена казната за Клоп поради втрчувањето на терен

Meнаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја прифати казната од Фудбалскиот сојуз на Англија (ФА) за втрчувањето на терен после натпреварот против Евертон.

„Црвените“ во дербито на „Мерсисајд“ славеа со голот во последните моменти на Дивок Ориги кој дојде после бизарната грешка на голманот Пикфорд. Во големото славје кое следеше на „Енфилд“, Клоп втрча на теренот каде што славеше со голманот Алисон.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Поради тоа следуваше реакција од ФА која отвори постапка против Клоп.

На крајот беше одлучено, германскиот стратег да биде казнет со 8.000 фунти поради неспортско однесување.

Менаџерот на Ливерпул има прво до четврток да поднесе жалба, но соопштено е дека тоа нема да го направи.

https://www.facebook.com/SoccerAM/videos/272248056768829/

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Луис Диаз ја даде „зелено светло“ на новиот клуб, Барселона повторно остана без засилување

Сите во Барселона очекуваа дека клубот ќе го заврши доведувањето на Нико Вилијамс од Атлет…