Дома Македонски спорт Мак фудбал Сонот стана јаве: Македонија се пласира на Европско првенство!

Сонот стана јаве: Македонија се пласира на Европско првенство!

Избраниците на селекторот Благоја Милевски го постигнаа најголемиот успех во македонскиот фудбал и се пласираа на Европското првенство за играчи до 21 година, кое наредната година ќе се одржи во Полска.

Младата македонска репрезентација ја совлада Шкотска со 2-0, а благодарение на победата на Украина на Исланд со 4-2, прв пат во историјата едена макеоднска фудбалска селекција ќе игра во завршницата на едно Европско првенство.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Свесни за важноста на натпреварот, избраниците на селекторот Милевски, од стартот ја презедоа контролата врз играта, а одличниот шкотски голман прв пат капитулираше во 17-та минута кога Марковски постигна гол.

Пет минути подоцна со одличен удар од 18 метри, водството на Македонија го зглеми Барди. Фуриозната игра во првиот дел можеше да биде наградена со уште некој гол, а најголемата можност ја пропушти Бабунски, кој во финишот на полуврмето не реализираше пенал.

Македонија натпреварите во Групата 3 ги заврши со шест победи, три нерешени и еден пораз, освои вкупно 21 бод со гол разлика 13:7.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Екс-репрезентативецот жестоко удри по Милевски: Селекторе, доста е – не мој да не лажеш!

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски жестоко го нападна селекторот Благ…