Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер за англиските медиуми изјави дека на неговиот клуб му се потребни две или три засилувања во јануарскиот преоден рок.
„Црвените ѓаволи“ конечно успеаја да ја „фатат“ вистинската форма во последните неколку натпревари, а Солскјер очигледно смета дека со две или три нови имиња клубот ќе може да ги исполни поставените цели од почетокот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
“Сакаме да го засилиме тимот на голем број позиции. Ако го погледнеме нашиот тим и го споредиме со останатите, тогаш можам да кажам дека сме тука некаде, но потребни ни се уште двајца или тројца играчи за да можеме да ротираме во долгата сезона, а ќе видиме кои ќе бидат играчите “, рече Норвежанецот.
Инаку, неколку имиња се поврзани со трансфер во Јунајтед во последните неколку недели, особено младото дуо Џордан Санчо од Борусија Дортмунд и Ерлинг Халанд од Ред Бул Салзбург.
Исто така, Јунајтед бара да се засили во средниот ред и одбраната, а на мета се Саул Нигез од Атлетико Мадрид и Кулибали од Наполи.