Дома Фудбал Англија Солскјер: Ние се каравме и се остануваше меѓу нас, денешните фудбалери веднаш се жалат кај менаџерите

Солскјер: Ние се каравме и се остануваше меѓу нас, денешните фудбалери веднаш се жалат кај менаџерите

Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер во интервју зборуваше на различни теми, меѓу кои и денешниот фудбал.

Солскјер раскажа некои случувања во соблекувалната на „ѓаволите“ додека бил фудбалер на премиерлигашот.

„Сите фудбалери во соблекувалната беа неверојатни. Кин беше лидер, Меј беше забавен, Невил секогаш нешто работеше, а Рајан Гигс ги забавуваше сите.

Понекогаш се каравме по лош натпревар, а за тоа никој не дознаваше затоа што секогаш остануваше меѓу нас. Сега ако направите такво нешто, фудбалерите веднаш ќе се жалат кај родителите и менаџерите“, вели Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Maнчестер Сити го претстави Бразилецот од 40 милиони евра

Фудбалерот од Бразил, крилниот играч Алан Елијас кој досега настапуваше за Палмеирас, ја з…