
Фудбалерот од Бразил, крилниот играч Алан Елијас кој досега настапуваше за Палмеирас, ја засили екипата на Манчестер сити.
Ова официјално го објавија денес преку своите канали “Граѓаните”, а договорот е склучен за период од пет години.
Алан е шесто засилување за Манчестер сити ова лето, по пристигнувањата на Елиот Андерсон, Буади, Детурбе, Монге, Руљи и Чарлс.
Интересно, Алан е купен за 40 милиони евра како фиксна сума и ќе биде директна замена за неговиот сонародник Сави, кој се пресели во Тотенхем.