Дома Македонски спорт Мак фудбал Соиграчите и ФФМ му подготвија изненадување на Пандев пред јубилејниот настап (ФОТО)

Соиграчите и ФФМ му подготвија изненадување на Пандев пред јубилејниот настап (ФОТО)

Репрезентацијата на Македонија утре ќе игра натпревар против Летонија со кој ќе ги започнеме квалификациите за Европското првенство 2020 година.

Натпреварот против Летонците има и посебно значење за нашиот капитен Горан Пандев. Македонската фудалска икона утре по јубилеен 100-ти пат ќе истрча во дресот на репрезентацијата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Пандев по тој повод утре ќе игра во специјално дизајнирани копачки (ФОТО ТУКА).

Меѓутоа денес на него не заборавија и соиграчите кои му спремија специјален подарок.

Репрезентативците и ФФМ на Пандев му подарија слика од сегашните репрезентативци на која го има и бројот 100.

Дефинитивно македонските фудбалери во супер расположение ќе го дочекаат утрешниот натпревар, па поради тоа се надеваме и на старт со три освоени бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…