Дома Фудбал Англија Следната цел на Пеп ако Сити освои тројна круна? Да му даде гол на Тотенхем на гости! 🎥

Следната цел на Пеп ако Сити освои тројна круна? Да му даде гол на Тотенхем на гости! 🎥

Пеп Гвардиола со Манчестер Сити ја прослави новата титула во Премиер лигата, а сега во интервју за „Скај Спорт“ и малку се пошегува на прашањето што би била негова следна цел ако „граѓаните“ ја освојат Лигата на шампионите.

Откако веќе ја обезбеди титулата во Премиер лигата, Манчестер Сити има прилика да ги освои и трофеите во ФА Купот и Лигата на шампионите со што тимот на Пеп би стигнал до тројна круна.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Шпанскиот стратег во интервјуто за „Скај Спорт“ беше запрашан која ќе биде негова следна цел ако Манчестер Сити освои тројна круна.

„Да му дадеме гол на Тотенхем на гостинските терен“, низ шега одговори Пеп.

Инаку, Манчестер Сити последен пат гол на Тотенхем на гостински терен му даде на 29-ти октомври во 2018 година што е навистина долг период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хаос во Гелзенкирхен: Се тепаа албански и српски навивачи! 🎥

Во Гелзенкирхен каде што вечерва треба репрезентацијата на Србија да игра против Англија с…