Дома Фудбал Останато Славен Билиќ постигнал договор, се враќа во Европа

Славен Билиќ постигнал договор, се враќа во Европа

Славен Билиќ како што стојат работите ќе ја напушти Кина.

Турските медиуми пренесуваат дека Билиќ ќе биде новиот тренер на Фенербахче.

„Договорот е постигнат, Билиќ годишно ќе заработува 2.9 милиони евра. Го сакаше и Бешикташ, но тој го избра Фенербахче“, пишува турски „Фанатик“.

Се наведува дека Билиќ во Кина ќе биде до 3. јануари 2022 година, а потоа би се преселил во Турција. На клупата на Фенербахче може да дебитира на 10. јануари против тимот на Адана.

Во Кина хрватскиот стратег заработуваше околу пет милиони евра по сезона, но повикот од Европа Билиќ не сакаше да го одбие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Објавени се петте клуба што ќе се натпреваруваат за “Клуб на годината”

Официјално се објавени номинациите за петте клуба што ќе бидат во трка за престижната нагр…