Добро познато е дека Милан е во големи финансиски проблеми, а истите би можеле да доведат до заминување на најголемите ѕвезди.
Според тврдењето на новинарот Данакан Кастлес, финансиската ситуација на Милан е неизвесна, а таа ќе доведе најверојатно до исфрлување од Лигата на Европа, но и би можела да биде причина клубот да го напуштат најголемите ѕвезди Леонардо Бонучи и Џанлуиџи Донарума.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кастлес објаснува дека Манчестер Јунајтед е најзаинтересиран за услугите наЛеонардо Бонучи, кој пред само една година од Милан пристигна во Јувентус во сензационален трансфер вреден 42 милиони евра.
Manchester United are monitoring the transfer situation of AC Milan's Italian defender Leonardo Bonucci. (Source: Yahoo) pic.twitter.com/tOP89cLLgO
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 27, 2018
Кога во прашање е Донарума, „Кориере дело Спорт“ известува дека ПСЖ и понатаму е заинтересиран за младиот голман, иако се очекува доаѓање на Буфон. Но, нив проблем исто така може да им направи финансискиот фер плеј.