Дома Трансфер зона Сити утре ќе го официјализира новото засилување

Сити утре ќе го официјализира новото засилување

Манчестер Сити и Лидс денес ги договорија сите детали од трансферот на Калвин Филипс, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Репрезентативецот на Англија утре би требало да го официјализира трансферот во редовите на „граѓаните“.

Сити за потписот на Филипс ќе плати 50 милиони евра плус 10 милиони во форма на бонуси, а тој ќе потпише четиригодишен договор со Манчестер сити.

Ова е уште едно засилување за тренерот Пеп Гвардиола, кој претходно го доби Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

Филипс веќе две сезони игра на високо ниво и беше мета на многу аглиски гиганти, а на „Етихад“ треба да биде наследник на Фернандињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…