Дома Трансфер зона Сити спреми богата понуда за ѕвездата на Милан

Сити спреми богата понуда за ѕвездата на Милан

Тренерот  на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е силно заинтересиран за младиот напаѓач на Милан, Рафаел Леао.

22-годишниот Португалец пристигна на Сан Сиро пред две години, а оваа сезона буквално „експлодира“ и обезбеди повик во португалската репрезентација.

Гвардиола е „заљубен“ во играта на Леао и смета дека идеално би се вклопил во неговиот стил на игра бидејќи може да игра на повеќе позиции во нападот.

„Граѓаните“ спремаат богата понуда, но тешко дека ќе го убедат Милан да го пушти својот „бисер“.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека „росонерите“ веќе почнале преговори за продолжување на договорот со Леао и се спремни да ги одбијат сите понуди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Агентот на Ериксен: Очекувам трансфер во Премиер лигата

Кристијан Ериксен во изминатиот период тренери со младата екипа на Ајакс, а како што стоја…