Дома Фудбал Англија Сити со официјален одговор: Изненадени сме

Сити со официјален одговор: Изненадени сме

Манчестер Сити излезе со официјално соопштение со кое одговори на обвиненијата кон клубот од страна на Премиер лигата.

Обвиненијата се однесуваат на финансиските информации во врска со приходите, деталите за плаќањето на менаџерите и играчите, кршење на прописите на УЕФА и соработка во истрагата.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Челниците на Премиер лигата документацијата за сите наводни прекршоци кои датираат уште од сезоната 2009/2010 ги проследиле до независна комисија која ќе го истражи целиот случај. 

Истрагата трае веќе четири години и станува збор за над 100 прекршоци кои ги направил клубот, па доколку се покажат како точни „граѓаните“ ги очекува драконска казна.

„Манчестер Сити е изненаден од обвинувањето за наводни прекршувања на правилата на Премиерлигата, особено со оглед на обемниот ангажман и огромната количина на детални материјали која е доставена до ЕПЛ. Клубот го поздравува разгледувањето на ова прашање од страна на независна комисија, за непристрасно да биде разгледана сеопфатната количина на непобитни докази кои ја поддржуваат нашата позиција“.

„Со нетрпение чекаме оваа дилема да се расчисти еднаш и засекогаш“, стои во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…