Дома Фудбал Англија Сити негира дека испратил понуда до Меси

Сити негира дека испратил понуда до Меси

Манчестер Сити не преговара со Меси за евентуален трансфер на „Етихад“ и до овој момент не испратил никаква понуда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова денес го соопштија „граѓаните“ преку два медиуми од Островот, „Би-Би-Си“ и „Скај Спорт“.

Порано денес англиските медиуми пренесоа дека Манчестер Сити му предложил на Меси 500 милиони евра за петгодишен договор.

Меси на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, па шпекулациите за неговата иднина не престануваат.

Медиумите тврдат дека ваквото соопштение од Манчестер Сити значи дека Пари Сент Жермен е фаворит за потписот на Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал го купи Нико Паз од Комо за девет милиони евра, па му го продаде 60

Реал Мадрид донесе очекувана одлука за трансфер на својот млад талент ова лето – Нико Паз …