Килијан Мбапе синоќа уште еднаш го покажа својот квалитет и со хет-трик ја покори Барселона на „Камп Ноу“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
После магичната партија против Барселона, навивачите на Реал Мадрид додатно прават притисок врз претседателот Флорентино Перез да го донесе Французинот во Мадрид.
Мбапе подолго време е мета на „кралевите“, а медиумите тврдат дека Перез презел конкретни чекори да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.
Мбапе се уште не го продолжил договорот со ПСЖ и на лето ќе влезе во последната година од договорот, а тоа им дава поголема надеж на „кралевите“.
Перез е во постојан контакт со неговиот агент и врши притисок да не го продолжува договорот, па така на лето ќе може да го донесе за 180 милиони евра во Мадрид.