Дома Фудбал Останато Синот на Шевченко го бараат во четири репрезентации!

Синот на Шевченко го бараат во четири репрезентации!

Синот на некогашниот украински фудбалер Андриј Шевченко, Кристијан, кој има 12 години, тренира во академијата на Челзи, а има привилегија да бира за која земја ќе настапува. 

Кристијан Шевченко има привилегија да игра дури за четири репрезентации. Може да ја одбере Украина поради татко му, има право да настапува за Англија бидејќи е роден во Лондон а од страната на мајка му има потекло од САД и Полска, па ако реши, може да игра и за нивните национални тимови.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Мојот втор син тренира во академијата на Челзи. Тоа е многу добра академија од која излегле многу одлични фудбалери. Не знам за која репрезентација ќе игра, кога ќе дојде време ќе седнеме и ќе зборуваме“, изјави Андриј Шевченко, кој е селектор на украинската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …