Неколку дена откако Леброн Џејмс и неговиот син заедно заигреаа во натпревар од НБА лигата и станаа првиот „татко и син“ кои настапиле за ист тим во историјата на најсилното кошаркарско натпреварување Лејкерс го испратија Брони во понизок ранг.
Против Минесота двајцата се најдоа на паркетот, меѓутоа дали во иднина повторно тоа ќе се случи ќе зависи од равојот на младиот Брони.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Брони Џејмс беше избран од Лејкерс како 55. на драфтот и во претсезоната имаше просек од 4.2 поени по натпревар со 9/37 шут од поле и 1/12 за три поени. Сезоната ќе ја продолжи во Саут Беј Лејкерс, тренерот Џеј Џеј Редик вели дека ова било договорено од првиот ден.
„Таков договор имавме од првиот ден. Разговаравме со генералниот директор Роб Пелинка и Леброн исто така знаеше“, тврди Редик.
Во неговиот единствен натпревар во НБА, Брони одигра три минути и не успеа да поентира.